19- годишно момче загина во сообраќајката во која автомобил удри во товарно возило

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа во која утрово учествувале четири автомобили на патот Битола – Прилеп. Рено Твинго, Шкода со битолски регистерски таблици, мерцедес со скопски таблици и камион МАН, со велешки регистерски таблици сите учестувавле во несреќата.

Во сообраќајката загинал 19-годишниот Т.Ѓ. од Битола, потврдил за локалниот портал Шеталиште портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска. Во сообраќајката изгорел мерцедесот, а имало и уште неколкумина повредени лица.

 

 

 

09.11.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега