Сообраќајка на патот Скопје - Велес откако возачот удрил во патоказна табла

Сообраќајка на патот Скопје - Велес откако возачот удрил во патоказна табла.

Од МВР известуваат дека вчера во 13 часот и 30 минути  на автопат Скопје - Велес на место викано „Фазенерија“, се случила сообраќајна незгода во која 64- годишниот  Т.К управувајќи патничко возило “Мерцедес  Ц180“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над управувачот и со возилото удрил во патоказна табла и се здобил со тешки телесни повреди. 

Од незгодата со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник 56 годишниот С.И од Прилеп.

Двајцата со возило на брза помош биле пренесени во Градската општа болница Св. Наум Охридски во Скопје.

 

 

 

 

 

09.11.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега