Брутална тепачка пред средно училиште во Скопје

По вербална расправија во средното училиште „Јосип Броз Тито“ 18-годишниот К.А. и 17-годишниот А.Х. се степале разменувајќи си по неколку удари во пределот на главата и телото, со што се здобиле со телесни повреди во вид на модринки и црвенило.

Во врска со истиот настан примени се и две дополнителни пријави.

Првата од страна на К.А. кој пријавил дека околу 13:30 часот физички бил нападнат од 49-годишниот Б.Х. (родител на А.Х.), кој откако видел дека неговиот син А.Х. физички се пресметува, почнал со тупанци да го удира К.А. нанесувајќи му повреди по главата.

Втората пријава е од 38-годишниот Е.И. која пријавила дека нејзиниот син К.И. кој се обидел да ги раздвои А.Х. и К.А. физички бил нападнат од Б.Х. со неколку удари по главата.

Полицијата презема потребни мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

09.11.2017 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега