Детали за нападнатиот доктор на Токсикологија: Откриени неговиот идентитет и причината

Лекар од Клиниката за токсикологија во Скопје вчера доцна попладне беше прободен два пати, дозна Press24 од полициски извори. 

Лекарот, кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишниот Н.З. од Слупчане, кумановско, информира денеска МИА.

Тој е прободен во пределот на грбот со остар предмет од страна на непознато лице. Полицијата го потврди случајот и информира дека вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека на Ургантниот центар е донесено повредено лице со остар предмет.

Причина за нападот е лична пресметка.

За МИА претходно случајот го потврди и директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, според кого, лекарот е надвор животна опасност.

Лекарот е повреден кога доаѓал на ноќна смена на работа.

 

 

 

10.11.2017 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега