Инцидент утрово во скопско казино

Повредено обезбедувањето во едно скопско казино. Утринава  во 05 часот и 50 минути во Полициската станица Центар, А. Б. од селото Блаце, скопско, пријавил дека истиот ден околу 02 часот на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, во казино додека вршел работни задачи како обезбедување, две непознати почнале да ги вознемируват играчите обраќајќи им се на англиски јазик. 

Тој ги предупредил лицата за недоличното однесување, меѓутоа тие продолжиле со таквото однесување, по што биле отстранети од казиното. Околу 04.00 часот кога А.Б. излегол да направи обиколка околу објектот ги забележал двете непознати лица со кои што претходно имал проблеми во казиното при што тие физички го нападнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

 

 

 

10.11.2017 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега