Ограбена уште една македонска црква

Непознат сторител украл 40.000 денари од црквата „Св. Ѓоргија“ во Сушица, Струмица.

Според информациите на МВР, вчера во 09 часот во 67-годишниот Б.Д. пријавил во полиција дека непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Ѓоргија“ во село Сушица.

Сторителот ја отворил вратата од помошната просторија за продажба на свеќи од каде одзел околу 40.000 денари во разни апоени по што избегал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

10.11.2017 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега