Гостивар: Ја нападнал снаата од починатиот син па ги киднапирал внуците

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А. од село Калиште кој ја нападнал снаата на починатиот син.

Полицијата денеска информира дека А.А. на 16 мај околу 16 часот  во Гостивар, во семејната куќа на 25-годишата А.Е. од  Гостивар, сопруга на неговиот починат син, физички ја нападнал заедно со мајка и.

Тој,  со пиштол ја удрил А.Е. во пределот на главата, а потоа ги зел нејзините две малолетни деца, ги внел во неговото возило и побегнал.

Подоцна бил пресретнат од  полициски службеници и  бил приведен.

 

 

 

10.11.2017 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега