Во недела ќе се прегласува на избирачко место во Чаир - дали ќе се промени резлутатот?

Во недела, на избирачкото место 2901 во Чаир повторно ќе се гласа. ДИК едногласно изгласа да се прифати одлуката од Управниот суд, кој утврди прекршување на правилата на ова избирачко место. Жалба поднесе политичката партија БЕСА чии набљудувачи пријавија дека во гласачката кутија имало едно гласачко ливче повеќе од бројот на лица кои се потпишале. Ова избирачко место има вкупно 719 гласачи. Со оглед на големиот број гласачи,ова избирачко место може да ги смени резултатите од изборите на кои Висар Ганиу однесе тесна победа пред Зеќирија Ибрахими со 209 гласа предност. Во вториот круг на изборите таму гласале 278 лица. 

 

 

 

10.11.2017 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа