Истрагата за убиството на фудбалерот Јанушев во напредна фаза

Истрагата за убиството на Мартин Јанушев е во напредна фаза, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој беше во посета на СВР Штип.

- Имаме многу информации и податоци. Очекувам за многу скоро време да имаме и подетални информации и разврска на целиот овој случај. Меѓутоа сега во моментов не сакам да откриваме повеќе детали, коишто се како информации добиени и ги анализираме за истрагата, вели Спасовски.

Во врска со повредениот лекар во Скопје, Спасовски кажа дека според првичните сознанија станува збор за лични недоразбирања меѓу лекарот и напаѓачот.  

- Тоа се случило пред угостителски објект. Случајот е пријавен во полициска станица и лекарот е однесен на укажување помош во Клиничкиот центар во Скопје. Првичните сознанија се дека е заради лични недоразбирања, меѓу напаѓачот и лекарот кој  бил нападнат, рече Спасовски, кој беше во посета на Штип и Кочани.

 

 

 

10.11.2017 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега