Фото: Гори автомобил на патот Неготино-Штип

Автомобил од марката „Мерцедес“ вечерва се запалил пред врвот Серта, на регионалниот пат Неготино-Штип.

Автомобилот е со прилепски регистерски таблички, а неофицијално се дознава дека пожарот избил поради неисправна инсталација, објави Фокус.мк

Во инцидентот нема повредени.

Минувачите помагале во гаснење на пожарот, а на лице место пристигнале и две пожарни возила од Штип и Неготино.

 

 

 

10.11.2017 - 20:02
Фото: 
Фокус.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега