Трето гласање во Чаир - утре се избира градоначалник

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе има повторно гласање за градоначалник.  

Управниот суд, по жалбата на политичка партија донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место, за вториот круг од Локалните избори, со што ова гласање е  единственото трето прегласување на шестите локални избори во Македонија.

 

Разликата во Чаир меѓу двајцата кандидати меѓу кои се бираше, во вториот круг од изборите беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата беше 66 гласа.

 

 

 

 

 

11.11.2017 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега