Страшна сообраќајка, запален автомобил и повредени - тактичка вежба во Кочани

 

Во организација на Министерството за внатрешни работи на Македонија, а во соработка со Полициската станица Кочани и Општинската територијална противпожарна единица, денеска во Кочани се одржа показно тактичка вежба за спасување на настрадани лица по тешка сообраќајна несреќа на мост, гаснење пожар и извлекување давеници.

На вежбата учествуваа пожарникари од Територијалните протривпожарни единици на Кочани и Виница, од Министерството за внатрешни работи, крим техника и воздухоловните сили.

Во рамките на вежбата се одржа третиот стручен собир на пожарникарите од Македонија на кој учествуваат пожарникари од повеќе градови на Македонија.

Беа презентирани стручни предавања на актуелни теми, а предавачи беа експерти од оваа област од Македонија, Србија, Хрватска и Австрија. Беше направена презентација на нова опрема поврзана со работата на службите за брзи интервенции, полицијата, пожарната и на итната медицинска помош.

 

 

 

11.11.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега