Македонците повеќе пари трошат за шминка и фризура отколку за стоматолог - апел од стоматолозите

Во Штип денеска беа дел од шестиот научен симпозим на тема „Неправилности, грешки и пропусти и нивно санирање во текот на стоматолошките интервенции“.

Продеканот на Факултетот за медицински науки, Ивона Ковачевска вели дека денеска стоматолошката фела од страна на универзитетски професори и гости од Германија можеа да слушнат интересни предавања за полесно да се справат со проблемите, кои наидуваат при стоматолошките интервенции.

Таа истакна дека стоматолошките интервенции се едни од најстресните, но воедно и доста скапи. Тоа е и една од причините што опремувањето на една стоматолошка ординација бара вложување и тоа на многу средства.

- Младите стоматолози повеќето од нив или дел од нив се задржуваат исклучиво на приватна стоматолошка пракса. Но, мора да признаеме дека сите тие услуги, иако се малку вреднувани, многу значат за здравјето на пациентите вели Ковачевска.

Таа забележа дека Македонците повеќе пари трошат за шминка, фризура и да се дотераат, отколку да си ги поправат расипаните заби, но тоа се должи на недоволната едукација за превенција, пред се на повозрасната популација. 

Цените на услугите во Македонија се на многу ниско ниво во споредба со оние низ ЕУ.

 

 

 

11.11.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега