Димитров-Пејовиќ: Регионот заслужува јасна и дофатлива ЕУ перспектива

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се сретна со министерот за европски прашања на Црна Гора Александар Пејовиќ на маргините на регионалната конференција „Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан”.

Фокусот беше ставен на европската перспектива на двете држави.

Регионот заслужува јасна и дофатлива европска перспектива, се согласија соговорниците.

Притоа изразија подготвеност за забрзување на реформските процеси и заемна поддршка во таа насока. 

 

 

 

11.11.2017 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега