Средба Димитров-Хоџа: Средства за семејствата на осуденито во „Диво Насеље" не се во духот на европската иднина

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на маргините на регионалната Конференција “Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан” во македонското МНР,  се сретна со министерот за европски прашања на Република Косово, Зурата Хоџа.

На средбата беа разменети мислења за регионалната и билатералната соработка и унапредување на соработката за европската перспектива.

На средбата се зборувало и за Диво Насеље. Димитров оценил дека одлуката на Владата на Република Косово за издвојување на буџетски средства за финансиска поддршка на семејствата на осудените државјани на Косово не е во духот на градење европска иднина за регионот.

 

 

 

11.11.2017 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега