ССМ не избра нов претседател

Сојузот на синдикати на Македонија денеска одржа вондреден конгрес во Охрид каде што требаше да се избира нов лидер, а единствен кандидат беше Дарко Димовски.

Дел од делегатите сметаа дека изборот е недемократски со само еден предложен кандидат, па затоа изборот беше одложен.

– ССМ е демократска организација, која ќе ги запази демократските процеси при изборот на претседател. Новиот претседател ќе биде избран согласно актите и документите на ССМ, но и на меѓународните стандарди, изјави претседавачот на Конгресот, Роберт Симоновски.

 

 

 

 

11.11.2017 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега