Хан: Следните две години добри за проширувањето

Следните две години ќе бидат добри за проширување, изјавил еврокомесарот Јоханес Хан, цитиран од „Виенер цајтунг“. 

– Европската комисија во следните години гледа нови шанси за приближување на Западен Балкан кон ЕУ, наведува австрискиот весник додавајќи дека ентузијазмот може да донесе и вознемирувања и дека земјите треба да се посветат на понатамошните реформи, а шансите на Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово се подобри отколку пред година и пол.

 Хан за весникот тврди дека балканските земји не треба само да чекаат бидејќи во процесот на приближување кон ЕУ треба да се даде допринос со своите реформски напории додава дека не е одлучено кои земји први ќе влезат во ЕУ, но во мај во Софија би можело да се одржи голема конференција на темата проширување на ЕУ со Западен Балкан:

– Потребни се неколку години за да се надминат скептичните мислење за проширувањето на ЕУ која што доминираат кај дел од западните земји, изјавил Хан, пишува „Виенер цајтунг“.

 

 

 

12.11.2017 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега