ДИК: До 10 часот излезноста 4,45 проценти во Чаир

На гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори дo 10 часот на гласање излегле 4,45 процнти од запишаните избирачи.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугчевска на прес конференција информира дека гласањето започнало навреме во 7 часот и оти досега гласаањето се одвива непрекинато. На гласање, акко што рече, до 10 часот излегле вкупно 32 избирачи.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК  во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплаттната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.

Следната пресконференција на ДИК е во 14 часот  на која ќе соопштат информации за излезноста до 13 часот и за текот на гласањето.

 

 

 

12.11.2017 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега