Насилници со нож напаѓаат малолетници низ Скопје - за два дена нападнати 5 деца

 

Во текот на вчерашниот ден во 18.  часот во Скопје на улицата “Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз  двајца малолетници.

Се работи за малолетните М.Т. и  Н.М. од Скопје, на кои им одзеле околу 1.200 денари, а потоа со трчање се упатиле кон плоштад “Македонија“.

Инаку и претходниот ден од викендот три деца беа нападнати со нож кај Универзална и им беа одземени по 300. денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

 

12.11.2017 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега