Доколку не сакате голема казна: Комплетен список на зимска опрема која мора да ја имате во возилото

Од среда следната недела (15 ноември) стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

 Глоба од 45 евра и можност за исклучување од сообраќај

Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема  возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со  глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. Истовремено полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

Што се подразбира под зимска опрема во возилата?

Под зимска опрема з амоторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 mm) или пневматици солетенпрофил на ситетркала со длабочи на на шарите на слојот што гази,  минимум одчетири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опремаза моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4),подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина нашарите на  слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици солетенпрофил на сите тркала со длабочи на нашарите н аслојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снегпотребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклопливпогон, синџири за снег треба да има најмалку напостојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg,подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите наслојот што гази, пообем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици солетен профил на ситетркаласодлабочинанашаритенаслојотштогази, по обем и широчина, соминимумодчетиримилиметри (4mm) и синџири за снег со адекватна големин аза погонските тркала или другс соодветни помагала.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини неможат да постават синџири за снег напо гонските тркала, потребно е да имаа тзимски пневматици на погонските тркала, и: -прираченалат – лопата.

 

 

 

 

 

12.11.2017 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега