Сообраќајка го пренасочи сообраќајот на патот Битола-Прилеп

 Сообраќајот на магистралниот пат Битола-Прилеп од 17:45 часот се пренасочува по регионалниот пат Р-1101 (стариот пат) поради сообраќајна незгода кај село Тополчани, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

 

 

 

12.11.2017 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега