Вицепремиерот Анѓушев во посета на САД

 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска е во четиридневна официјална посета на Соединети Американски Држави, каде во Вашингтон ќе учествува на Трансатлантскиот економски форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи.

За време на посетата, информираат од ниговиот кабинет, планирано е вицепремиерот да има средби и со претставници на Американскиот конгрес, Стејт департментот, меѓународни финансиски организации, како и со претставници од организации на македонската дијаспора во САД.

 

 

 

13.11.2017 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега