„Војната“ меѓу Села и Ахмети ќе го реконстуира кабинетот на Заев

 

Дали несогласувањата меѓу Ахмети и Села ќе предизвикаат реконструкција на владиниот кабинет на помалку од 6 месеци по неговото формирање? Ваква дилема се отвори во јавноста по најавата на ДУИ дека нема намера да гласа за новиот предлог за министер за здравство доколку тој доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците. Интегративците бараат Села да му се извини на Ахмети за нападите во предизборната кампања, во спротивно, Заев ќе остане без мнозинство за да го седне новиот министер на Села во фотелјата на Таравари во Министерството за здравство.
За таму пак, Алијансата го предложила Вулнет Ферати, но и таму се свесни дека постои можност со реконструкција на кабинетот Заев да постави кадар на СДСМ во ова министерство а за Алијансата да се бара друг ресор. Ова и Села го слушнал лично од Заев на средбата која во саботата се случила во скопскиот хотел Александар Палас.

И во ДУИ и во Алијансата официјално молчат а партиските ставови се протнуваат на „мала врата“ преку неофицијални брифинзи. Во ниту една од партиите не можеме да добиеме официјална потврда за партиските ставови иако неофицијално се билда анимозитетот меѓу Села и Ахмети.
 
На потег е Заев кој треба да одлучи дали ќе се обидува да го омекнува Ахмети или пак ќе оди со комплетна реконструкција која пак ќе повлече подолг период на внатрепартиски договори.

Без Ахмети СДСМ нема мнозинство во Собранието. Сите комбинации со додавање на било кои политички партии во овој пратенички состав нема да обезбедат 61 глас.

 

 

 

14.11.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега