Несекојдневна кражба во Македонија: Украле 750 јајца

Два пакети со над илјада јајца биле украдени од продавница на големиот пазар во Гостивар, информираат од СВР Тетово.

Кражбата, вчера ја пријавил 46-годишниот З.Б. од Гостивар кој работел како продавач во продавница, сопственост на гевгелиска фирма. Непознати сторители насилно го отвориле шалтерот за продажба во бараката, влегле внатре и одзеле два пакети со по 360 јајца, односно 720 јајца.

Според пријавата, штетата се проценува на 6.000 денари, додека од насилното отварање причинетата штета дополнителна штета од 4.000 денари.

Од СВР Тетово потврдуваат дека е извршен увид и дека се работи на откривање на сторителите на оваа кражба. 

 

 

 

15.11.2017 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега