Полицијата со детали за несреќата во Демир Хисар во која беа повредени ученици

Во текот на вчерашниот ден околу 07 часот и 20 минути на локалниот пат за селото Вардино, на местото викано „Дрениче“ во атар на селото Мургашево, демирхисарско, се случила соораќајна незгода помеѓу  товарно возило „Рено Мастер Фургон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот С.С. од Крушево и автобус „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на АД „Транскоп“-Битола, управуван од 49-годишниот З.С.С.  од село Единаковци, демирхисарско, во кој се превезувале 31 ученик од Основното Училиште „Гоце Делчев“-Демир Хисар и четири полнолетни патници.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Битола каде бил задржан на понатамошно лекување. 

Во Клиничкиот центар Битола на преглед се јавиле возачот на автобусот и 10 патници, кај кои биле констатирани телесни повреди. Тие по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Во Јавната здравствена установа Демир Хисар на преглед се јавиле 26 патници, кај кои биле констатирани телесни повреди и кои по укажаната помош, исто така, биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Демир Хисар.

 

 

 

15.11.2017 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега