Струга: Заспал со вклучена плинска печка - го нашле мртов

На 14 ноември во 10.30 часот во полициската станица Струга, од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека во возило комби во атарот на струшкото село Ливада на место викано „Бело Губе", констатирале смрт кај лицето Ф.Ш.(39) од Пешкопеја- Албанија.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга. Притоа, било утврдено дека Ф.Ш. бил ангажиран кај Д.Р. од с.Ливада како овчар, а комбето го користел како преноќиште.

Во комбето била пронајдена плинска греалка која се користела за затоплување на истото. По наредба на Јавен обвинител, врз телото била направена обдукција, при што e констатиранo дека Ф.Ш. починал од труење со јаглено-моноксид. Телото на починатиот, по обезбедување на потребната документација за транспорт во Албанија, ќе биде предадено на семејството.

 

 

 

15.11.2017 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега