Прегазена жена во Битола: Починала на лице место

Вечерва во 19 часот и 30 минути на улицата „Македонски Гемиџии“ на спојот со Боримечка се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, потврди за Шеталиште портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска.

Во сообраќајката „Мерцедес“ со грчки регистарски таблици управуван од 56-годишен грчки државјанин удрил во пешак, 67-годишна жена од Битола која загинала на самото место.

Истражен јавен обвинител излегол на местото на настанот, а заедно со увидна екипа на СВР Битола е извршен увид на настанот.

 

 

 

15.11.2017 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега