Владата вечерва одлучи: Дизелот и нафтата за домаќинство поскапуваат за 3,5 денари
Владата на денешната седница го усвои предлогот за зголемување на акцизата на дизелот. Покрај горивото кое се користи за автомобилите, за 3 денари ќе скокне и акцизата на нафтата за домаќинство која се користи за греење.
„Владата денеска го разгледа и го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари.Владата денеска го разгледа и го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари“ – стои во соопштението испратено од прес службата на Владата.
Со тоа, од почетокот на идната година акцизата на дизелот ќе се зголеми за 3 денари а заедно со ДДВ ќе чини над 3,5 денари за еден литар дизел гориво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа