„Потоп" во Демир Капија, наврнаа 100 литри дожд - ќе врне со денови

Насекаде низ Македонија утринава врне дожд, а пообилни се во југоисточните и централните делови.

Во крајните источни делови времето е само облачно и нема врнежи од дожд.

Најмногу дожд до седум часот наврнал во Демир Капија околу 100 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка два литри на метар квадратен.

Во Гевгелија наврнале 96 л/м2, во Дојран 81, Петровец кај Скопје 43, Маврово 28, Струмица 26, Зајчев Рид кај Скопје и Пожаране 24, Ѓуриште 23, Прилеп 21, Лазарополе 20, Крушево и Претор 16, Куманово 14, Тополчани 13, Тетово 12, Штип 10, Берово 9, Дебар 8, Виница 6, Охрид 5 и Битола 4.

Во текот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Скопје слично време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 10 степени. 

 

 

 

16.11.2017 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега