МД „Илинден“ бара поврзување на Голо Брдо со новиот автопат од Тирана до Блато

 

Македонското друштво „Илинден”-Тирана и огранокот во Голо Брдо бараат на најавената заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија што треба да се одржи Поградец да се разгледаат нивните  препораки новиот автопат од Тирана до граничниот премин Блато да има крак и да ја поврзе и областа Голо Брдо, а  преминот Џепиште - Требиште Голо Брдо од локален од трета категорија да премине во регионален премин од втора категорија.

Нивните препораки  како што соопштуваат ќе им помогнат на Македонците од областа Голо Брдо за кои изразуваат загриженост и како што  наведуваат, се згрозени од нивната положба.

Со кракот од автопатот што ќе ја поврзе областа Голо Брдо,  како што појаснуваат, ќе им се помогне на Македонците од таа област бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива областа. Воедно, ќе се овозможи поголем број туристи да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини, наведуваат од МД „Илинден“.  Исто така, со функционирањето на граничниот премин Џепиште - Требиште Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година како регионален премин од втора категорија, според „Илинден“ ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата и економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област.

 

 

 

16.11.2017 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега