Сведоштво за сообраќајката на Партизанска: „Беше страшно, слушнавме тресок, возилото заврши во билборд"

Вчера околу 22 часот и 10 минути на булеварот „Партизански одреди“ се случи тешка сообраќајна несреќа спроти Силбо, а очевидци за 24Вести велат дека се слушнал силен тресок по што се симнале долу за да им укажат помош на евентуално повредените.

-Возилата се оштетени, а Брзата помош пристигнала за многу кратко време. По судирот на двете возила кои возеле со голема брзина, eдното од нив завршило во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка и соборил еден од билбордите. За среќа, оваа сообраќајка заврши без жртви. Слушнавме последователни удари кои беа многу звучни и поради тоа излеговме од зградите во кои што живееме за да видиме што се случило. Видовме дека има повеќе возила удрени од кои едно удрило во друго возило, па во билбордот….Глетката е шокантна бидејќи како што изгледа се повеќе возила, скршен билборд, делуваше шокантно за нас. Се надеваме дека возачот ќе биде во ред, вели сведок за 24Вести.

 

 

 

16.11.2017 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега