Анкета на Твитер: Кој прв ќе стане членка на ЕУ: Србија, Македонија, Албанија или Косово?

Европскиот магазин „Вокал Јуроп“ на својот твитер налог постави анкета на тема „Кој би можел прв да влезе во ЕУ: Србија, Македонија, Албанија или Косово?“.

Засега гласале над 1.900 луѓе, а останати се уште околу 21 час за изјаснување.

Според резултатите кои се прикажуваат веднаш по гласањето, во водство е Србија, на која граѓаните на Европа и даваат дури 45 отсто шанси да стане следна членка на ЕУ.

Твитер анкета ЕУ

По неа следи Македонија, со околу 23 отсто од гласовите, а далеку помали шанси за членство во Унијата имаат Албанија и Косово, кои добиле по 16 проценти поддршка.

Ова не е првпат „Вокал Јуроп“ да организира слична анкета. На пример, во екот на кризата во Шпанија, поради референдумот за независност на Каталонија, на граѓаните им е поставено прашањето: „Дали шпанската демократија е во опаѓање?“. 

 

 

 

16.11.2017 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега