Детали за сообраќајката кај Универзална: Летале со автомобилите, тројца во болница

Три лица се пожалиле на повреди по сообраќајната несреќа која вчера околу 23 часот се случи на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Универзална сала, кога се судриле автомобили „Фиат“ и „Нисан“. Едно лице било пренесено во Ургентниот центар, додека две во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но засега нема детали за карактерот на нивните повреди.

Едно од возилата удрило во рекламен билборд, а според очевидци две возила се движеле со огромна брзина по што едното завршило во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка.

Очевидци за 24Вести велат дека се слушнал силен тресок по што се симнале долу за да им укажат помош на евентуално повредените и сведочат од ударот

-Возилата се оштетени, а Брзата помош пристигнала за многу кратко време. По судирот на двете возила кои возеле со голема брзина, eдното од нив завршило во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка и соборил еден од билбордите. За среќа, оваа сообраќајка заврши без жртви, јавува телевизијата.

 

 

 

16.11.2017 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега