Дождот ги зголеми нивоата на реките и езерата
Нивото на Дојранското Езеро е речиси три пати повисоко од просекот за ноември, додека нивоата на Преспанското и Охридското се во рамки на просекот, покажува денешното хидролошко мерење.
Според УХМР, водостоите на повеќето реки низ Македонија се зголемени по врнежите изминатите два дена.
Зголемено е нивото на реката Вардар кај Велес и Демир Капија, како и на реката Брегалница. Се уште под просекот за овој период од годината се водостоите на Треска, Пчиња и Црна река.
16.11.2017 - 10:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа