Уште една тешка несреќа во Македонија: Тешко повреден мотоциклист

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 7 часот и 35 минути се случила на улицата „Васил Главинов“ во Штип.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Лада Нива“ управуван од 47-годишниот Т.П. и мопед управуван од 45 годишниот В.Ј. двајцата од Штип.

Со возило на Итна медицинска помош, В.Ј. е пренесен во штипската болница каде му се контатирани тешки повреди и е задржан на лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

16.11.2017 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега