Да му помогнеме на 9-годишниот Стефан

Ова е Стефан Мелник. Тој има 9 години и не оди на училиште бидејќи поради инфекција почна многу брзо да го губи видот на двете очи.

Стефан за три месеци целосно го изгуби видот на едното око, а она што остана е 5% видливост на другото. Но, има надеж да се спаси со оперативен зафат кај специјалист на очна клиника во Русија. Операцијата чини 10.000 евра, мора да се стават импланти во очите кои со помош на матични клетки ќе му помогнат да го врати видот.

Во недела Стефан мора да замине за Русија и затоа најитно му се потребни донации, додека се уште може да се оперира функционалното око.

ВипОне – 143 488
Телеком – 070 143 122

Можете да донирате и насметката за донации:

300001000025028 – Комерцијална Банка

Назив: Стефан Мелник Скопје – хуманитарна сметка

 

 

 

 

16.11.2017 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега