Македонија ја покажа хуманоста: Собрани пари за операција на малата Валерија

Илјадници луѓе ја покажаа својата хумана страна и донираа за малата Валерија која страда од тумор на мозокот. Броевите вчера беа затворени, амајката се заблагодари на сите граѓани.

- „Благодарам Штип. Благодарам Македонијо. Благодарност и до луѓето кои живеат надвор од нашата земја и сите државјани од странство од се срце за хуманоста. Уште еднаш докажавте дека заедно можеме сè. Валерија ќе ви биде секогаш благодарна и ќе ви врати со нејзината насмевка. Со Господ напред, кога ќе се вратиме да си дојдеме со убава вест“, напиша мајката на Валерија на Фејсбук.

Мајката истакна дека средствата кои нема да бидат потрошени за лекувањето на малата Валерија, ќе бидат пренаменети за други дечиња на кои им е потребно лекување во странство.

 

 

 

 

16.11.2017 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега