Програмскиот совет на МРТ да функционира одвоено од власта и центрите на моќ

 Иако има широки надлежности и може да придонесе за програмската независност, квалитет и одговорност на јавниот сервис пред јавноста, Програмскиот совет на МРТ функционира како продолжена рака на државниот апарат.

Главната причина за ваквата состојба е несоодветниот состав на телото во кое доминира членство блиско до владејачката структура од периодот на неговото формирање.

Тоа е резултат на несоодветното законско решение во однос на сегашниот модел со конкретни овластени предлагачи, кои во најголем дел се државни органи или институции под нивна контрола.

Ова е еден од заклучоците во компаративната анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија, што денеска се промовира и во чии рамки ќе биде отворена јавна дебата на тема „Деполитизација на Програмскиот совет на МРТ – предуслов за независност на јавниот сервис“.

Според анализата, јавниот радиодифузен сервис може да биде вистински независен само ако функционира одвоено од власта и центрите на моќ, додека истовремено е предмет на ефективен надзор од внатрешните управни тела заштитени од политичко влијание. 

 

 

 

16.11.2017 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега