Патниот правец преку Галичица затворен за сообраќај до крајот на годината

Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица, од вчера е затворен за сите видови на сообраќај. Овој пат повторно ќе биде пуштен во употреба на 1-ви април 2018 година, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

 

 

 

16.11.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега