Панчевски се сели во Одделението за прекршоци

Со одлуката на новоизбраниот претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Иван Џолев, екс-претседателот на овој суд, Владимир Панчевски, од утре се сели во Одделението за прекршоци, јавува Судство.мк

Заминувањето на Панчевски во Одделението за прекршоци е повеќе од извесно, иако претседателот на скопска „единица“ допрва ќе треба да пристапи кон изготвување на годишниот распоред за работа на судиите од Кривичниот суд.

Од судот сѐ уште нема официјална потврда на веста за заминувањето на Панчевски.

 

 

 

16.11.2017 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега