Прегазена жена пред Општината во Ѓорче

 

Во 10.00 часот на улицата „Ѓорче Петров“, пред зградата на Општина Ѓорче Петров, се случила сообраќајна незгода во која возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот К.Р. од Скопје, движејќи се наназад удрил во пешак.

Се работи за 67-годишната З.З. од Скопје, која како пешак се движела по тротоарот. Од незгодата се здобила со тешки телесни повреди и со возило на брза помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

16.11.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега