Мислевте дека сега е ладно, но почекајте го викендот - доаѓа ново влошување

Облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во северозападните, централните и југоисточните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температури од мин. од 7 до 11 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Во петок во југозападните делови ќе има пообилни врнежи.

Од утре до сабота локално се очекува да наврнат уште над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови.

Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег.

 

 

 

16.11.2017 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега