Иванов упати сочувство до грчкиот претседател за жртвите во поплавите

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, по повод катастрофалните поплави во неколку градови во Грција. 

- Со жалење ја примив веста за катастрофалните поплави кои ги погодија градовите Мандра, Неа Перамос и Мегара и предизвикаа вистинска трагедија во вашата земја. Искрено жалам за загубените животи од оваа ужасна природна непогода, се наведува во телеграмата со сочувство.

Иванов, од име на граѓаните на Македонија и од негово лично име, изразил длабоко сочувство до грчкиот претседател и до семејствата на настраданите, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот. 

 

 

 

16.11.2017 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега