Денеска е голем празник и никако не прекршувајте едно правило

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 ноември.

Денеска е Пренесувањето на моштите на св. великомаченик Ѓорѓи од Никомидија во Лида Палестинска.

Денес Црквата го слави пренесувањето на моштите на свети Ѓорѓи во Лида Палестинска, родното место на неговата мајка. Празнувањето на преносот на моштите е пракса која укажува дека Црквата верува не само во воскресението на душата, туку и на телото, т.е. во воскресението на целиот човек. За време на император Констанин во Лида беше подигнат храм, посветен на свети Ѓорѓи, во кој беа сместени чудотворните мошти на овој светител.

Иако овој празник не е обележан со црвени букви, сепак не е добро да се работат тешки и рачни работи, бидејќи кај народот постои верување декаа секој кој ќе го прекрши ова правило ќе го стигне гневот на овој Светец и несреќа ќе го следи неговото семејство.

 

 

 

16.11.2017 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега