Заев-Гремингер: ОБСЕ ќе ја продолжи поддршката за Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.

Премиерот вети работа согласно стандардите на ОБСЕ и ЕУ. Гремингер побара силни институции и транспарентни медиуми.

Гремингер истакна дека Мисијата на ОБСЕ останува тука и ја нуди својата поддршка во натамошните напори за реформите и натамошната соработка.

„Сметам дека се отвора нов прозорец за напредување во реформските процеси и дека ќе имаме натамошна успешна агенда на овој пат. Во моментот кога нашиот фокус е свртен кон моментални реформи, сметаме дека и понатамошните долгорочни цели како што се структурните реформи во областите на почитување на правото, почитување на медиумите и нивните права, демократското владеење, политиките и секторот за безбедност се клучна работа во овој процес“, изјави Гремингер.

Тој ги охрабри сите вклучени страни во реформскиот процес да работат на зајакнување на демократските процедури и политики и во враќањето на вербата во самите институции. Притоа ја истакна улогата на слободните и независни медиуми во таа насока.

„Транспарентни медиуми, медиуми на коишто може да им верувате, како и инклузивни институции се клучни во обезбедувањето на просперитетна иднина за државата и за бенефит на сите граѓани во државата“, рече Гремингер.

 

 

 

16.11.2017 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега