Генералниот секретар на ОБСЕ ја продолжува посетата во Македонија

Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер денеска ја продолжува посетата на Македонија. Гремингер ќе има средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со претставници на парламентарните партии. 

Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата Димитров и генералниот секретар на ОБСЕ ќе разменат мислења за новата општествена клима во Македонија, а ќе дискутираат и за соработката на Владата со ОБСЕ и поддршката што ја дава ОБСЕ во процесот на европската и евроатлантската интеграција на нашата држава. 

Генералниот секретар на ОБСЕ ќе има средби и со претседателот на Собранието Џафери, како и со координаторите на пратеничките групи од СДСМ Томислав Тунтев, на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на БЕСА Африм Гаши и со претставникот од ДУИ, пратеникот Реџаиљ Исмаили.

Посетата на генералниот секретар Гремингер се совпаѓа со 25-та годишнина од воспоставувањето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

 

 

 

17.11.2017 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега