ВИДЕО: Облак од мушички во Србија

Голем број на граѓани во Србија беа вознемирени од страна на ројот мушички кои се појави оддеднаш и речиси не заминаа половина час. Локалните пожарникари раскажале дека добиле повеќе повици од вознемирени граѓани, на кои само можеле да им кажат да ги затворат прозорците и вратите.

Според зборовите на Миодраг Рајковиќ од Ветеринарскиот институт во Краљево, појавата била предизвикана од влагата и високите температури но се работи за мушички кои не касаат туку само им влегувале на граѓаните во очи, нос, уста.

најчитано сега