Нема опасност од излевање на реките во кумановско
- Последните мерења покажуваат дека во кумановско, изминативе денови наврнале 25 литри на метар квадратен, така што не очекуваме некои вонредни состојби во смисла на излевање на речните корита. Може да се очекува на оној дел на малите водотеци, пред се, се мисли на суводолиците, но интензитетот на врнежите не е така голем за да може да предизвика вакво влијание и зголемување на количеството вода во водотеците, изјави Горан Стојановски од РЦУК Куманово
Оттаму објаснуваат дека изминатиов период, општина Куманово, Дирекцијата за заштита и спасување и ЈП Водостопанство презеле мерки за прочистување, проширување и продлабочување на речните корита на Кумановка, Липковка и Којнарка кои овозможуваат поголем прифат на вода.
- Во голем дел оспособени се речните корирт на реките, за прифат на поголеми количества вода со тоа што се направи прочистување на вегетацијата, така што моќта на абсорпцијата на овие речни корита е зголемена, изјави Стојановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа