Акција на полицијата и УЈП во повеќе угостителски објекти

Полицијата во координација со УЈП, синоќа во во ноќните клубови низ Прилеп и Битола вршеше акција, информираат граѓани од таму.

Според извори од Министерството за внатрешни работи се претресуваат ресторани, кафулиња, барови, а се испитува дали нелегално точат алкохол на малолетници, дали се прекршува законот за пушење, или не издаваат фискални сметки.

Пред извесно време ваква акција беше спроведена во Скопје при што беа затворени околу тринаесет угостителски објекти.

 

 

 

19.11.2017 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега