Следи нагла промена на температурите - временска најава за неделава

Стабилно и суво време со ниски температури следува во наредните денови. Утре на повеќе места утринските ќе бидат под нула, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Утре најстудено со минус шест степени ќе биде во Берово и Маврово, а утро под нула ќе има и во Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Крива Паланка, Свети Николе, Штип и Струмица. Над нулата температурата ќе се движи во Демир Капија и Гевгелија, каде ќе достигне до три степени.

Во среда утринската ќе се движи од минус пет до три степени, во четврток од минус три до пет степени, петок и сабота од минус два до шест степени и во недела ќе се искачат во позитива и ќе се движат од нула до седум степени.

Дневните температури во овие денови ќе бидат во интервал од три до 13 степени утре, во среда од осум до 15, во четврток од 12 до 18, во петок од 11 до 17 степени, во сабота од 11 до 18 и во недела од 10 до 17 степени.

 

 

 

20.11.2017 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега